Македонецот Волкановски го разби „корејското зомби“

by fokus

Австралијанецот со македонско потекло, Александар Волкановски, со технички нокаут во четвртата рунда го победи кореанскиот Зомби и го одбрани појасот во категоријата перо.

Зомби беше разнишан во финишот од третата рунда кога само сирената за крај го спаси од нокаут, но во четвртата рунда Волкановски со серија од прецизни удари повторно го разниша Зомби. Судијата одлучи дека Кореанецот не може повеќе да продолжи.

Волкановски полека станува еден од најдоминантните борци во УФЦ, а во моментов се чини дека нема сериозна конкуренција во неговата категорија.

Поврзани новости