Синдикатот на просветарите денеска на протест

by Фокус

Членовите на СОНК, синдикатот што ги обединува вработените во образовните, научните и културните институции денеска симболично во 5 минути до 12 часот ќе протестираат пред Министерството за образование и наука во Скопје. Поводот е штрајкот со глад на тројцата професори од Штипскиот универзитет кои на овој начин го искажуваат своето незадоволство веќе дваесетина дена.

Синдикатот најави и дека ако итно не се разрешат состојбите со професорите од Штипскиот универзитет и барањата на СОНК, можно е да се донесе одлука за генерален штрајк на образованието, науката и културата од 1-ви септември годинава.

Поврзани новости