504
Македонецот Дени Димовски (31) е избоден до смрт во тепачка во ресторан во Мелбурн. Убиството се случило во раните утрински часови кога група непоканети гости околу 2 часот по полноќ се обиделе да влезат на приватна забава во ресторанот „Корзо грил хаус“, откако сопственикот на ресторанот се обидел да им ја затвори вратата, пишува весникот „Ејџ“.
Полицијата соопшти дека откако го избоделе неколкупати со нож, групата побегнала од местото на настанот. Засега нема информации дали припадниците на групата дошле вооружени, но се верува дека убиецот зел нож од ресторанот.
Вработени во ресторанот изјавиле дека убиениот бил почитуван, лојален гостин кој им станал речиси како семејство.