Во салонот на „Мак Аутостар“ денеска ќе биде претставен новиот сериски автомобил од Мерцедес „Мерцедес Бенз ГЛЦ Купе“, кој е дизајниран од Македонецот Славче Таневски. Присутен ќе биде и Таневски кого присутните ќе имаат можност да го запознаат.
-Пред само неколку години цртежите на едно талентирано момче го привлекоа вниманието на првите луѓе на Мерцедес. Набргу потоа, овој млад дизајнер започна да го живее својот сон добивајќи шанса да се приклучи на дизајнерскиот тим на најстариот производител на автомобили во светот. Имаме особена чест и задоволство да Ви го претставиме првиот сериски автомобил комплетно дизајниран од Македонец, новиот „Мерцедес Бенз ГЛЦ Купе“, креација на нашиот Славче Таневски, се вели во поканата од „Мак Аутостар“.
Настанот на кој ќе биде претставен новиот Мерцедес и на кој присутните ќе имаат можност да го запознаат неговиот дизајнер ќе започне во 13 часот.