Изминатата ноќ нов земјотрес во Скопје

by fokus

Ниту изминатата ноќ скопјани не можеа да спијат мирно. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, ноќеска во 01 часот и 32 минути регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје со Рихтерова локална магнитуда од 3.2 степени.

Овој последен земјотрес следуваше по мирниот ден кога скопјани помислија дека конечно запре серијата земјотреси што почна во неделата.

Најсилниот земјотрес се случи во недела во 15:10 со јачина од  5,3 степени по Рихтер.

Поврзани новости