476
Мајстор кој бил повикан да го одглави заглавениот лифт за автомобили во катната гаража „Солунски конгрес“ лоцирана крај Вардар, веднаш до дирекцијата на „Македонски пошти“ паднал од осми пат, по што во болница починал.
Од МВР велат дека вчера околу 17.30 часот заглавил лифтот за автомобили во гаражата. Мајсторот В.М. добил задача да го одглави лифтот кој се заглавил на осмиот кат од гаражата. Во еден момент тој се лизнал и паднал од големата висина на бетонски под.
Колегите веднаш се обиделе да му помогнат и повикале Итна помош, а тој бил во бесознание. По неколку часовна битка на лекарите да го спасат, мајсторот ноќеска починал на КАРИЛ.