588
Мајката која со нејзиното бебе беше примена на КАРИЛ со повреди, утре ќе биде сослушана од јавен обвинител, неофицијално дознава ТВ 24. Во меѓувреме, одреден и е притвор. Таа беше сместена во шелтер центар и во постојана придружба на социјален работник.
Била евидентирана кај социјалните служби како корисник на парична помош, но досега не била евидентирана ниту како жртва ниту како сторител на насилство, ниту пак пријавила насилство врз нејзиното бебе.