502
На 4 септември во недела ќе се случи канонизација на Мајка Тереза во Ватикан. Таа ќе биде прогасена за светица на миса што ќе ја предводи папата Франциск.
На кананозиацијата во Ватикан ќе присуствува и македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов, како и лидерите на двете најголеми партии, Никола Груевски и Зоран Заев. Се уште нема информации дали за Ватикан ќе заминат Али Ахмети и Мендух Тачи.
Одлуката за прогласување на Мајка Тереза за светица беше донесена со декретот кој го потпиша Папата во март годинава.