Во сабота 77-ми протест на исклучените од Топлификација

by fokus 11:30
11:30

Граѓаните кои се исклучија од мрежата на Топлификација, а се уште плаќаат сметки за услуга што не ја добиваат, во сабота по 77-ми пат ќе излезат на протест. Протестот ќе се одржи на старото место, пред Триумфалната капија со почеток во 12 часот.

-Протестот ќе започне со пеење на партизанската песна „ Падај сило и неправдо ” со која исклучените ќе ја „ поздрават ” актуелната власт. Потоа ќе  продолжи читањето на говорите кои на 28. 12. 2015, во Собранието на РМ,  ги одржаа пратениците. Оваа сабота, ќе се чита инспиративниот говор  на пратеникот од партијата СДСМ, Миле Андонов. Пратеникот, Миле Андонов отворено ги предупреди пратениците од власта дека е направена голема неправда, соопштија исклучените од Топлификација.

Тие информираа дека по летната пауза, продолжија судењата против исклучните во Основниот суд Скопје 2 и затоа ова сабота ќе се зборува и ќе се разменуваат искуства како исклучените од Топлификација да се однесуваат на овие судења во кои се однапред осудени.

 

Поврзани новости