405
41 годишна жителка од Валандово пријавила вчера во полициската станица во Валандово дека 55-годишен маж од село Пирава, во повеќе наврати во период од еден месец, извршил полови дејствија врз нејзината осумгодишна ќерка, информираат од МВР.
И втората ќерка на жената, 15- годишна малолетничка, им раскажала на родителите дека истото лице во неколку наврати се обидел истото да и го направи и на неа, но таа успеала да избега.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.