Мајка на притворен студент: Ни беше кажано дека притворот е „наредба од горе“

by Фокус

Мајка на еден од студентите кој беше притворен при ланските протести испрати отворено писмо во кое вели дека каде и да се обрателе, секаде им кажувале дека притвор мора да има, бидејќи тоа било „наредба од горе“.

„Еј, Вие ГОРЕ Точно пред една година, го осетивме режимот на вашето владеење. Беа приведени и притворени деца – студенти меѓу кои и моето дете. Како мајка ја почувствував најголемата болка, го почувствував гневот и револтот кон неправдата која ни беше нанесена.

Каде и да се обратевме за информација ни беше кажано дека ќе одат во притвор, тоа е ’’наредба од горе”.Се прашував тогаш кои се тие ГОРЕ (Гордана, Груевски, Мијалков…), кога горе постои само еден, а тој ЕДЕН се надевам наскоро ќе ви суди.

За разлика од другите јас на вас ГОРЕ (Гордана) ви посакувам да имате дете, дете кое ќе се срами што вие сте му мајка и тоа дете цел живот да ве посетува на она исто место каде што беше мојот син. Ми забивте нож во срцето, но душата не можете да ми ја земете.

Тука ми се децата и семејството. Да ви кажам на вам ГОРЕ толку многу се гордеам со мојот син бидејќи само храбрите можат да се спротивстават на вас ГОРЕ. Еј, Вие ГОРЕ што паднавте доле нема јас да ви судам, ќе ви суди тој горе, вашите деца и народот. Мајка на приведен студент од ланските протести.“, се вели во писмото.

Поврзани новости