Прекршочна пријава за насилникот кој нападна активист на Скопски маратон

by Фокус

Од Министерството за внатрешни работи денеска соопштија дека е поднесена прекршочна пријава против лицето кое на Скопскиот маратон физички нападна активист кој носеше транспарент на кој пишуваше „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор“.

Напаѓачот С.С. бил повикан на разговор во присуство на адвокат по што му била поднесена прекршочна пријава. За разлика од овој случај, за демонстрантите кои го запалија портретот на претседателот Ѓорѓе Иванов беше поднесена кривична пријава и одреден куќен притвор од 30 дена.

Поврзани новости