189
Гордана Попоска од Охрид, мајка на дете со ретка болест, ги повика јавно сите политичари, бизнисмени и хумани граѓани да му помогнат на нејзиниот син и да ја покажат својата хуманост, во месецот за поддршка на ретките болести.
„Драги пријатели, од денес почнува месецот за подршка на ретките болести. Политичари, Бизнисмени, Градоначалници, Советници, Училишта и сите Хумани луѓе кои ги боите рацете за подршка на децата со ретките болести, сега имате шанса да ја покажете вашата Хуманост, Добрина и да го подржите мојот син Петар кој боледува од ретка болест. Споделувајте и Донирајте кој колку може за Петар, за да ги победи сите последици од ретката болест“ напиша мајката на Петар.