Маглата се крена, загаденост утринава само во Центар, Карпош и кај Ректорат

by fokus

Мерните станици утринава регистрираат загаденост само на три локации во Скопје, и тоа Карпош (128 милиграми на еден кубен метар), Ректорат (123) и Центар (113). Средна загаденост има во Миладиновци, Бутел, Битола, Тетово, Кочани, Каварадци и Куманово, но вредностите се само малку над дозволеното.

Во Куманово, Струмица и Битола синоќа беа регистрирани високи концентрации на ПМ 10 честичките во воздухот. Во Куманово присуството беше 5 пати поголемо од минималното дозволено, во Струмица 4 пати, исто како и во Битола. Веднаш зад нив беше Кавадарци со 97 ПМ честички на 100 микрограми.

Поврзани новости