Куманово и Скопје вечерва загадени пет пати над дозволеното

by fokus

Мерните станици низ целата држава вечерва регистрираат високи концентрации на токсичните ПМ10 честици кои надминуваат вредности пет пати над дозволеното. Според објавените податоци најзагадено вечерва е во населбата „11-ти октомври“ каде вреднста на концетранциите изнесува 273 ПМ10 честици на метар кубен. Во Бутел мерната станица измерила 169 ПМ10, кај Ректорат 163 ПМ10, а во Карпош 167 ПМ10.

Помалку загадено е во Центар и Миладиновци со по 140 ПМ10.

Најзагадените населби во Скопје, Гази Баба, Аеродром и Ново Лисиче, се уште немаат податоци за загаденоста, бидејќи нивните мерни станици и понатаму се во дефект. Мерната станица на волонтерската мрежа Skopje Pulse покажува 175 ПМ10 во Бисер.

По Скопје најзагаден град во државата е Куманово каде вечерва во 21.00 часот се регистрирани 277 ПМ10 честици на метар кубен. Во Битола се измерени 216, во Кавадарци 175, Кичево 122 и во Тетово 105 ПМ10.

Поврзани новости