Луксузниот „мерцедес“ на Груевски ќе добие нови гуми

by fokus

„Мерцедесот“ од 580.000 евра ќе добие нови гуми, бидејќи Владата набави пневматици за блиндираните возила кои ги има. Договорот вреден 53.000 евра е објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки, а е скчучен помеѓу Слyжбaтa за општи и заеднички paботи при Владата и компанијата  „Мак Ауто Стар“.

„Предметот на договорот е деллив на 2 (два) дела и тоа Дел број 1 – Пневматици за стандардни моторни возила, вредноста без ДДВ изнесува 700.000,00 денари и Дел број 2 – Пневматици за блиндирани моторни возила, вредноста без ДДВ изнесува 3.300.000,00 денари“, се наведува во набавката.

Меѓу блиндираните возила е и луксузниот „мерцедес“ кој беше набавен по желба на екс премиерот Никола Груевски, а за што е осуден на две години затвор.

Поврзани новости