Лукашенко: Русија е подготвена да ги исполни договорите со САД за конфликтот во Украина

by irena 21:43
21:43

Русија е подготвена да ги исполни договорите со САД за решавање на конфликтот во Украина, изјави денес белорускиот претседател Александар Лукашенко, примајќи го извештајот на постојаниот претставник на земјата во ОН, Валентин Рибаков, пренесува БелТа.

„Она што го кажаа Американците, Русите, апсолутно сум сигурен, се подготвени да го прифатат. Неколку пати разговарав за ова со рускиот претседател Владимир Путин. Прашањето е на Европејците и (украинскиот претседател Володимир Зеленски)“, рече Лукашенко.

Според белорускиот лидер, Украина никогаш нема да може да „ја добие војната“.

Слични вести