474
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, на церемонијата на предавање на генералните еполети во Минск нареди армијата да се стави во состојба на целосна борбена готовност, пренесува РИА Новости.
Дадов наредба да се стави војската во состојба на готовност“, изјави Лукашенко, пренесува РИА Новости.
Тој додаде дека „му било болно да ги гледа“ настаните што се случија на југот на Русија.
„Многу наши граѓани ги земаа при срце. Затоа што татковината е една. Историјата памети – Белорусите знаат како да ја бранат својата земја. Бевме и ќе бидеме посилни од какви било предизвици“, рече Лукашенко.
Како што истакна, нема обоени револуции доколку нема причина за тоа во државата.