Лукашенко: Ако им треба помош на нашите руски браќа, подготвени сме

by Fokus

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека неговата земја е „веќе подготвена“ да ѝ понуди поголема помош на Русија во нејзината војна против Украина.

Зборувајќи за време на државната посета на Зимбабве, сојузникот на Русија, Лукашенко истакна дека на Русија во моментов не ѝ е потребна „никаква помош“.

„Ако на нашите руски браќа им треба помош, ние секогаш сме подготвени да понудиме таква помош“, рече Лукашенко без да прецизира што ќе вклучува таа помош.

Лукашенко, близок сојузник на Путин, ја посети јужноафриканската земја за да ги зајакне економските и политичките врски меѓу Белорусија и Зимбабве.

 

Поврзани новости