Лукаревска: Потпишан е договорот меѓу УЈП и Синдикатот за заголемување на платите

by Fokus

Синдикатот на Управата за јавни приходи (УЈП) постигна договор со раководството за исполнување на нивните барања.  Договорот е постигнат со посредство на медијаторот. Детали засега нема, но она што го бараа вработените е почитување на колективниот договор и зголемување на платите за 30 проценти.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денес на ТВ21 кажа дека договорот е постигнат во петокот и најави дека вработените ќе добијат зголемување на платите.

„Во петокот беше потпишан колективен договор меѓу синдикалната организација и УЈП и беше добиено позитивно мислење од Министерството за финансии“,  рече Лукаревска.

Во изминатиот период вработените во УЈП протестираа и најавија генерален штрајк.

 

Поврзани новости