Лукаревска од Арачиново: На граѓаните им е преку глава од национализам

by Fokus

Во брзата трансформација што следува, нудиме рамномерен развој и еднакви можности, услови и шанси за секој граѓанин, изјави Сања Лукаревска, носителка на листата на коалицијата предводена од СДСМ во ИЕ 2, при посетата во Општина Арачиново.

– Ќе продолжиме да инвестираме во инфраструктурата, во подобри услови за граѓаните. Ќе ги покачиме пензиите, најниските дури најмалку за 21 отсто до крајот на мандатот. Секој родител сака децата да растат и да живеат покрај него. Се обврзуваме дека ќе продолжиме да создаваме услови и амбиент во кој младите луѓе ќе се охрабрат да отворат свој бизнис кој ќе го градат и развиваат, порача Лукаревска.

Таа истакна дека коалицијата „Можеме“ нуди нов развој на домашната економија, го поттикнува домашното производство и купувањето на домашни производи.

– Ние сите заедно градиме иднина и се грижиме за секој граѓанин, за секое едно населено место, рече Лукаревска.

Поврзани новости