Славески: СДСМ заговара неизвесност, тоа ќе го прекине ВМРО-ДПМНЕ!

by Fokus

Професорот Трајко Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување на дебатата на ТВ 24 се осврна на проектите од програмата со која ВМРО-ДПМНЕ настапува на овие предвремени парламентарни избори.

Тој посочи дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е одговор на новото време, ова е понуда на модел на раст.

„Се покажа дека не можат компаниите да издржат ниту месец – два ако не работат. Прва грешка која се направи беше тоа што немаше помош за март, а ние укажавме на тоа. По наши укажувања помошта продолжи и во јуни. Ние предвидуваме таа помош што им беше дадена на претпријатијата да не се враќа, а ќе биде неопходно помошта да продолжи и во летниот период или и во јули и август“, рече Славески.

Професор Славески на дебатата се осврна и на даночниот систем, укажувајќи дека едно од правилата за дaночната политика е дека таа треба да биде предвидлива.

„СДСМ заговара неизвесност, тоа ќе го прекине ВМРО-ДПМНЕ и ќе го врати рамниот данок. СДСМ воведе прогресивен данок, создадоа неизвесност, па го укинаа по девет месеци и сега повторно во програмата велат воведување, па ќе имало и дискусии. Кој може да и даде на една партија десет години да не може да се одлучи какви даноци треба да има во државата. Таквата политика создава неизвесност“, рече Славески.

Поврзани новости