Луѓе од претходната влада ги контролираат врвот на обвинителството и МВР, вели Тортевски

by fokus

Луѓето од поранешната влада се уште ги контролираат врвот на обвинителство и Министерството за внатрешни работи, вели долгогодишниот адвокат, Александар Тортевски.

-Вилма изјави дека од претходната влада имала сериозни притисоци за одредени луѓе и предмети. Ако никој не презема ништо, а ова го изјавува шефот на одделот за организиран криминал, тоа значи дека луѓето од поранешната влада се уште ги контролираат врвот на обвинителство и МВР, пишува Тортевски на „Твитер“.

Раководителката на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска е суспендирана поради пропусти коишто ги констатираше Јавниот обвинител, а потоа ги потврди и Советот на јавните обвинители при претресот во Финансиската полиција. Кога поднесуваше жалба за нејзината суспензија на прашањето кој стои зад нејзината суспензија, таа кажа дека актуелната влада, не, но дека можно е тоа да била претходна влада.

Пред изборот на владата на чело со Ковачевски и претходеше владата на чело со премиерот Зоран Заев.

 

Поврзани новости