Љубителите на жаби, колбаси и шпагети се сообраа во Киев, напиша Медведев

by fokus

Европските љубители на жаби, колбаси и шпагети сакаат да го посетуваат Киев, напиша на англиски на Твитер поранешниот руски претседател, Дмитриј Медведев коментирајќи ја со потсмев посетата на Киев на францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанскиот премиер Марио Драги.

-Посетата на лидерите нема никаква корист. Тие ѝ ветија членство во ЕУ и стари хаубици на Украина, зашеметени од горилка (украински алкохолен пијалак) и патуваа со воз, како пред 100 години. Да, тоа нема да ја приближи Украина до мир. Часовникот отчукува, порача Медведев.

Медведев беше претседател на Русија од 2008 до 2012 година, а моментно е заменик-претседател на Советот за национална безбедност. Од почетокот на руската инвазија тој на својот твитер профил ги исмева изјавите на европските политичари.

Поврзани новости