Љубе: Кога ќе дојдеме на власт сите ќе ве наредиме како шишиња и ќе ви судиме!

by Фокус

Љубе Бошкоски, денеска, на судењето за случајот „Ровер“, демонстративно ја напушти судницата, обвинувајќи го обвинителството дека не си ја врши работата.

Тој се налути бидејќи судот и обвинителството не ги провериле сознанијата, кои тој ги сподели на минатото рочиште, односно дека обвинетиот Предраг Чубрило е починат, а дека останатите двајца српски државјани, пак, воопшто не биле во државата кога се случило двојното убиство на Маријан Тушевски и Киро Јанев. Според информациите на Бошкоски, едниот бил во затвор, а другиот во држава на друг континент.

Од судот, пак, се правдаа дека добиле информација од Интерпол, дека не можат да им влезат во трага на српските државјани. На ова оправдување, Бошкоски возврати дека постапката за потрага на вакви лица се води преку Министерството за правда, а на преку Министерството за внатрешни равботи.

-Не треба да барате од Интерпол да ги најде, туку треба да се повикате на меѓународните договори кои Македонија ги има склучено со Србија, објасни Бошкоски.

Револтиран од работата на судот, бидејќи според неговото тврдење, му судат на починат човек, само за да го држат зад решетки, рече:

-Кога ќе дојдеме на власт сите ќе ве наредиме како шишиња и ќе ви судиме, им порача Љубе, по што излезе од судницата.

По неговото демонстративно излагање и напуштање на судницата, судијата го одложи судењето.

 

Поврзани новости