Накови и Омерагиќи се степале во судот

by Фокус

Вербалната расправија меѓу членови на семејствата Накови и Омерагиќи, вчера во чекалната на Основниот суд – Скопје 2, по завршувањето на судското рочиште меѓу двете страни, прераснала во физичка пресметка, потврдија од судот по пишувањата на медиумите.

Во извештајот на судската полиција која интервенирала, наведено е дека сопствениците на превозникот „Руле Турс“ Ружди и Масар Омерагиќ (татко и син) физички го нападнале синот на првиот човек на шпедицијата „Фершпед“ Штерјо НаковДраган Наков, кој е однесен во болница за да му биде укажана прва помош.

Скопската полиција, пак, велат дека поради овој случај, испровоциран поради нерасчистени имотно-правни односи, ќе поднесе прекршочни пријави против напаѓачите.

Поврзани новости