Лидерот на опозицијата, Зоран Заев и лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски денеска остварија средба на која се разговарало за соработката во рамки на широкиот демократски фронт и надминување на политичката криза преку одржување на фер и кредибилни избори во Македонија со исполнување на сите услови.
Како што соопштија од СДСМ, Заев го изразил своето задоволство што повторно го гледа Бошковски на слобода и напоменал дека политички монтираните случаи мора да престанат.
-Вистината секогаш победува. Тоа треба да му е јасно на секој. Заедно со граѓаните им ставаме крај на политички монтираните случаи, реализирани преку партизираното судство. Оваа борба за правда и правичност е искрена и таа ќе вроди со плод. Во Македонија ќе се вратат правдата, слободата и демократијата, рекол Заев.
На средбата се реафирмираше Платформата за демократска Македонија, којашто беше дополнително потпишана од лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски.