Амбасадата на САД: Стејт Департментот може да забрани влез во САД на корумпирани функционери

by fokus 19:11
19:11

Стејт Департментот може да им забрани влез во САД на корумпираните функционери, согласно Претседателскaтa Декларација 7750, се вели во одговорот на амбасадата на САД  во земјава, на прашањето  на 24 Вести: дали  Миле Јанакиески е одбиен за американска виза.

-И покрај тоа што не можеме да коментираме поединечни барања за виза, борбата против корупцијата е врвен приоритет за Владата на САД во Македонија и во целиот свет. Согласно Претседателскaтa Декларација 7750, Стејт Департментот може да им забрани влез во САД на корумпирани функционери. Ние ги базираме овие одлуки по разгледување различни информации, од голем број извори, стои во одговорот на американската амбасада.

Поврзани новости