Љубе Бошкоски го повика Мицкоски на ТВ дуел за инвестициите

by fokus

Лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски испрати реакција до лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски по неговата прес конференција во која обвини дека изминатава година беше година на сиромаштија.

Мицкоски го критикуваше токму Бошкосски, кој е советник на премиерот за странски инвестиции,  дека е поставен во кабинетот на Заев по политички заслуги и дека неговата работа нема ефект.

„Инвестиции има да ги броите цел ден, дел донесени и од мене. Сите се дојдени поради добрата бизнис клима која се создаде после пеколот што го направи вашиот ментор во бегство. Инвестиции има поради крајот на еден режим за кој вие по се изгледа уште не сте свесни со оглед дека кажувате за методи за влечење некого за ракави.Со сета почит, господине Мицкоски, но мислам дека малку сте ја згрешиле стратегијата. Сега е дозволено и добро е да се критикува, но пред тоа треба да се извините и да се оградите од досегашното владеење на вашиот ментор.Без тоа, господине Мицкоски, со сета почит и најдобронамерно сакам да ви кажам дека вашиот рок на траење ќе биде само уште неколку месеци.Доколку сакате да се објасниме за инвестициите, вклучувајќи ги и тие во хидроцентралите ви стојам на располагање, на било која телевизија и
во било кој термин.Ако сте толку убедени дека сте лидер, прифатете ја поканата и очекувам многу брз одговор“, се вели во реакцијата.

Мицкоски вчера ја анализираше економската ситуација во земјава и порача дека годината која измина е економски најтешка и најсирмашна.

Поврзани новости