Денешното рочиште за случајот „Монструм“ се одложи бидејќи судијата Огнен Ставрев е отсутен.
На денешното рочиште требаше да се сослушаат сведоци предложени од одбраната, но истото е одложено за следното рочиште, кое е закажано за 6 мај.
Во судница адвокатот Насер Рауфу истакна дека го откажува полномошното на обвинетиот Агим Исмаиловиќ. По поуката од судијата Осман Шабани до Исмаиловиќ дека треба да ангажира друг адвокат, тој рече дека не е во можност, односно дека нема пари. Судијата му кажа дека во тој случај ќе добие адвокат по службена должност.
За овој случај доживотна казна затвор им беше изречена на Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута. Единствено петтообвинетиот Сејди Рами доби ослободителна пресуда поради немање цврсти докази за утврдување вина.Врховниот суд во ноември 2017 година ги укина пресудите, а обвинетите излегоа од притвор.Трагичниот настан се случи на 12 април 2012 година кога четворицата матуранти Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски беа убиени кај Смиљковското Езеро.
В.В.