Груевски во Унгарија чита германски филозофи: Ниче, Ерих Фром, Шопенхауер

by fokus

Осудениот екс премиер, Никола Груевски, го нарече Зоран Заев „спасителот“ и со цитат на германскиот филозоф Фридрих Ниче порача дека понекогаш луѓето не сакаат да ја слушнат вистината.

„Во светот постојат два вида луѓе. Оние кои сакаат да знаат и оние кои сакаат да веруваат…
…понекогаш луѓето не сакаат да ја слушнат востината бидејќи не сакаат да им се уништат илузиите,,
(Фридрих Ниче)

Сите Вие кои се боревте за него и му верувате…и сеуште му верувате…на лагите, на секојдневно свесно и со умисла искажаните лаги…

Се сеќавате ли на ветувањата, на слатките лаги на ,,спасителот,,?

На оние 600 километри автопат во 4 години мандат, на градбата на новиот клинички центар, повисоки плати, пензии, социјална помош, гасификација, чист воздух во зима, плати од 100 илјади денари за лекарите, решение на името без смена на уставот и промена на идентитетот, на носењето на правдата, солидарноста, на враќање на младите од странство, враќање на 600 илјади иселени, на вработување на најспособните во администрацијата, на доаѓањето на животот….

Помал проблем е што тоа го нема. Поголем е што го нема и она што го имаше.

Бидете живи и здрави“, напиша Груевски во својот последен фејсбук статус.

Груевски во последно време редовно се служи со цитати на германски филозофи. Претходно го цитираше Артур Шопенхауер:

„За да се признае туѓата вредност, треба да се има и сопствена“, напиша тој повторно алудирајќи на тоа како СДСМ управува со државата.

Неодамна го цитираше и германскит психоаналитичар, Ерих Фром:

„Човекот кој не може да создава, сака да уништува.“, напиша тој за проектите во застој кои во свое време ги започна ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости