525
Либералната партија на Ивон Величковски соопшти дека неприфатливо е откажувањето на лидерот на СДСМ Зоран Заев од принципот на одвојување на партијата од државата како и неговото инсистирање на брзи избори.
„Без овој принцип тоа нема ниту владеење на правото. Определбата за брзи избори ќе го принуди опозиционерот допрва да се откажува и од други принципиелни ставови само за да дојде до брзи избори. Со брзи избори, нема оспособени институции, а институциите спроведуваат избори“, стои во соопштението ан либералите.