ЛП: МАНУ да се осмели да побара оставка од Груевски

by Фокус

Македонската академија на науките и уметностите, како уникатна институција на интелектуалната и научната елита во земјата, покрај апелите за правна разрешница на аферата со прислушувањето, треба да се придружи кон барањата за итна оставка на премиерот Никола Груевски, бидејќи се друго претставува избегнување на реалноста и суштината, смета Либералната партија.

„Од досега објавената содржина на разговорите на државните функционери, јасно е дека институциите на системот ниту одлучуваат, ниту постапуваат согласно Уставот и законите. Напротив, тие се компромитирани и инструментализирани од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а Македонија не е држава во која владее правото. Оттука, изнесениот став на претседателот на МАНУ е недоволен и, во најмала рака, е оддалечување од темата“, соопштија либералите.

Од оваа партија потсетуваат дека поблиската историја покажува оти за злосторствата нацистите по Втората светска војна виновниците не беа осудени од редовните судови на „Третиот рајх“, туку од страба на специјален суд.

Поврзани новости