Сопственикот на „Фиком“ пронајден обесен во затворот во Штип

by Фокус

Никола Николиќ, сопственикот на „Фиком“, фирма која беше поврзана со аферата за станови, односно препродажба на еден стан на повеќе луѓе, утрово почина во штипскиот затвор. Првичната информација е дека осуденикот се обесил, но сепак истрагата треба да покаже дали станува збор за самоубиство или убиство.

Од затворот во Штип ни посочија дека директорот е зафатен, а со соопштение ќе излегла Управата за извршување санкции.

Николиќ досега имаше одлежано 9 години затвор, а беше осуден на 15 години. Наскоро требало да почне и да излегува на викенди, поради што бил среќен.

Потресени од страшната вест, неколкумина затвореници од затворот ни испратија порака. Тие се жалат на условите и коментираат дека никогаш не било полошо.

-Во затворот има капацитет за 220 затвореници, а сместени се дури 350. Нема доволно кревети и душеци, па околу 20% спијат по двајца во кревет, ни пишуваат затворениците, кои додаваат дека речиси никогаш немаат ниту топла вода.

На овие укажувања од затворениците не успеавме да добиеме коментар од директорт на затворот.

Поврзани новости