Нема елементи да се оспорува легитимитетот на изборите, разбирливи се незадоволствата на оние што не ги остварија резултатите што ги очекувале, велат од Либералната партија. Од таму им го честитаат на граѓаните успешното завршување на локалните избори.
„Оценките на домашните набљудувачи се дека изборите се фер и демократски со помали нерегуларности кои не влијаеле на резултатот. Очекуваме дека слична ќе биде оценката и на меѓународните набљудувачи која во текот на денот ќе биде соопштена. Последниот долг говор на збунетиот и уплашен Груевски не се однесува на овие избори. Човекот зборуваше за своето искуство, за она што правел на изборите 2008, 2009, 2011, 2013 и 2014 година“, велат од партијата на Ивон Величковски.
Според тоа, додаваат од таму, нема основа за непризнавање на изборните резултати од било чија страна.
„Изборите се готова работа и затоа Либералната партија им го честита изборот на сите нови градоначалници“, соопштуваат од партијата.