Резултатите од вкрстената анализа на податоците од различните институционални бази и од избирачкиот список непосредно ги потврдија сите досега најавени сомнежи на опозицијата за кредибилноста на изборните процеси досега и за легитимноста на законодавната и извршната власт, особено од 2014 година наваму, реагира Либералната партија, по информацијата дека има половина милион фамтонски гласачи во избирачкиот список.
„Имајќи ги предвид енормниот број фиктивни гласачи и сите досегашни оддалечувања од нормалниот политички процес и дијалог, одлуката на Уставниот суд е само претходница на постапките кои може да се очекуваат од претседателскиот кабинет во две можни насоки – аболиција на сторители на изборен криминал во досегашниот период и аболиција на сторители на изборен криминал во иден изборен процес“, соопштија либералите.