Отсуството на Јанева ја одложи расправата на Советот на јавни обвинители за нејзината работа

by Фокус

Разгледувањето на извештајот на Специјалното јавно обвнителство во Советот на обвинители е одложено, затоа што Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева не присуствуваше на денешната седница на која требаше да се разгледа извештајот за нејзината работа.

– Нужно нејзиното присуство, бидејќи има доста нејаснотии и ги колегите ги интересираат одредени проблеми кои се наведени во тој извештај. Од тие причини, извештајот ќе биде разгледуван во среда и повторно ја покануваме обвинителката Јанева, која повторно и овојпат покажа непочитување кон Советот на јавните обвинители. Се надевам дека ќе дојде, тоа е нејзина должност – рече Аневски.

Од СЈО, пак, сметаат дека немаат законска обврска да присуствуваат на седницата на Советот.

– Не се работи за израз на непочитување кон Советот, тој е писмено известен, а СЈО нема таква законска обврска да присуствува на седницата. Доколку обвинителите имаат прашања, може да се обратат во секое време до СЈО, нашиот извештај е од таква природа што во извештајот е наведено се што е потребно. Постапуваме во согласност со законите и сметаме дека сите институции треба да ги почитуваат и да постапуваат според законските прописи, а не да ги толкуваат слободно, кој како сака – велат од СЈО.

Поврзани новости