Пратеникот од СДСМ Хари Локвенец денеска изјави дека двотретинското мнозинство за уставни измени не е загрозено по одлуката на судот да определи притвори за неколку поранешни државни функционери. Според него, двотретинското мнозинство само може да се зголемува.
-Со кооператвноста и инклузивноста што ја покажуваме, двотетинското мнозинство веќе се подразбира… Станува збор процес во кој покажуваме кооперативност и разговараме со аргументите за сите наметнати прашања. Се што е возможно и реално да се реализира заеднички ќе го реализираме. Дали тоа подразбира зголемување на бројот на пратеници што се подготвени да гласаат за уставни измени, искрено мислам да – рече Локвецец.
Тој денеска на прес-конференција истакна дека владата е силно посветена на интеграцискиот процес за членство на НАТО како врвен национален и државен интерес.
-Обезбедуваме повеќе пари за достигнување на НАТО стандардите, повеќе пари за поголеми плати и подобрување на животниот стандард на нашите војници, повеќе пари за опремување на АРМ. По десетгодишното намалување на буџетот за одбраната, во 2019 година, втора година по ред ќе следува ново зголемување. Во 2019 година буџетот за одбрана ќе изнесува 135 милиони евра – изјави Локвенец.