Стоилковски: Во М-НАВ се вработиле сестра на вицепремиер и син на пратеничка

by Фокус

Наум Стоилковски, портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека власта ја продолжува практика да вработува во блиски роднини на високи државни и партиски функционери.

„Има ли пилот во државата во македонската навигацијата за непотизам односно- Македонската Неофицијална Агенција за Вработување М-НАВ? Само во оваа 2018 година македонската навигација се поднови со 24 нови партиски искусни кадри, меѓу кои има и искусни имиња, како роднината на министерот за земјоделство или пак партнерот на Заев, Стојанче Ангелов. Состојбата во М-НАВ е толку алармантна и очигледна што комисиите за вработување дојавувале во медиумите за притисоците кои што морале и да се оправдуваат зошто не се примени лица кои што не исполнувале услови, па потоа на повторни огласи истите лица да морале да добијат вработување – рече Стоилковски.

Тој додаде дека на листата на нововработени синови, ќерки, браќа, сестри и внуци во М-НАВ, каде што платите се неколкукратно повисоки од просечната, се и син на директор на социјалните фондови, сестра на вицепремиер, внуци на директор на телекомуникациски оператор и на партиски-коалициски партнер, син на пратеничка итн.

-М-НАВ веднаш да ги соопшти имињата на новите вработени од оваа година и да ги каже критериумите според кои тие се примени. Дали освен нив имало други пријавени на конкурсите кои немале квалификации како избраните? Воедно ги повикуваме надлежните институции да отворат истрага по наводите за непотизам и можната корупција при овие вработувања во М-НАВ. Дури и министерот за земјоделство си призна дека негов роднина е вработен таму. Но и за него, како и за мајката на Костадин Костадинов, или пак за сестрата на Кирацовски, или за редица други од партискиот клан велат дека не станува збор за непотизам туку за неопходни кадри – истакна портпаролот на ДПМНЕ.

Поврзани новости