Мицкоски: Шеќеринска и Димитров го чувствуваат крајот на Заев

by Фокус

ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица да го порази црното владеење на Зоран Заев, државата е киднапирана од егоистична елита која им ја одзема власта на граѓаните, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Република.

-Од многу комбинирање премиерот Заев се прекомбинира и секој ден се повеќе се забрува неговиот пад. Го оставаат да тоне и затоа што гледаат дека политички тоне, дека ова е неодржливо и дека самиот е виновен за она во што се доведе. Па погледнете каде се Димитров, Шеќеринска, ги снема, тие се искусни политичари и веќе почнуваат да го чувствуваат мирисот на политичкиот крај на Заев. Овој негов пад во следниот период се повеќе ќе се акцелерира, рапидно ќе оди надолу – вели Мицкоски.

Тој смета дека бегството на Никола Груевски не е на товар на опозициската партија, туку на Заев и на Оливер Спасовски.

-Се слуша ли премиерот Заев што говори, дека Груевски го киднапирале. Каков е овој премиер кој дозволил неговиот претходник да го киднапираат, ако е така, па тоа е двојно голо за Заев. Друга работа, адвокатот на Груевски јавно изјави дека тој откако исконтактирал со Груевски од Будимпешта веднаш пријавил во судот. Заев тоа сигурно го знае. Тогаш зошто лаже дека Груевски е киднапиран?! Свесно лажел. Трагикомично. Ова е уште еден од обидите за продолжување на темата и хранење на таа димна завеса – рече лидерот на ДПМНЕ.

Поврзани новости