571
Во Косово утре ќе се одржат локални избори, на кои граѓаните ќе избираат градоначалници и советници во 38 општини, од кои 10 се со мнозинство Срби.
На утрешните избори учествува и Српска листа, чие раководство ја донесе конечната одлука денеска да излезе на избори заедно во консултации со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Претседателот на Српската листа, Горан Ракиќ, изјави дека разговорот со претседателот Вучиќ бил тежок и дека се изнесуваат аргументи за и против излегување на избори, но дека е одлучено да се учествува, во интерес на српскиот народ.