ДИК: Досега гласале 10.653 лица

by fokus

Без проблем помина денешното гласање на болните, немоќните, затворениците, лицата во притвори и лицата со ковид 19 и во самоизолација, информираше предмалку портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугутчевска, посочувајќи дека вкупно гласале 10 653 гласачи.

-На гласачките места во КПУ своето гласачко право денеска можеа да го остварат 1 899 гласачи. Од податоците кои што ги добивме од Општинските изборни комисии гласаа 1 229. Во однос на гласачкото право на лицата пријавени како болни или немоќни од пријавените 7 907, до овој момент гласаа 5 477. Во однос на лицата кои беа пријавени за гласање поради решенија за самоизолација или се наоѓаа во домашен карантин поради ковид 19, од пријавените досега гласале 304 лица – рече Гугутчевска.

Таа додаде дека гласањето за овие категории на гласачи се уште трае и избирачките одбори ќе работат се додека сите кои се пријавени и се на списоците на ОИК не добијат можност да гласаат.

Поврзани новости