Кривични за попречување на избирачко право во Кочани

by fokus

Кочанската полиција до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против Р.А. (54) и Б.Ш. (46) од Кочани поради основано сомнение за „повреда на слободата на определување на гласачите”.

„Утврдено е дека во периодот од 08.10.2021 до 15.10.2021 година во повеќе наврати Р.А. и Б.Ш. со намера да ги спречат да си го извршат избирачко право, им се заканувале на А.Д., С. Д., А.И. и З.М., сите од Кочани дека ќе бидат избркани од работа и ќе им бидат одземени други права доколку излезат на гласање и гласаат за партијата чии симпатизери се“, соопштија од таму.

Според полицијата, сомничените лица се пронајдени, извршени се консултации со дежурен обвинител и против двајцата е поднесена кривична пријава.

Поврзани новости