Лога: Не смееме да дозволиме да се изгуби довербата во правосудството

by Fokus

„Време е да се врати довербата во правосудството а јавните обвинители при спроведувањето на постапките и носењето на одлуките да постапуваат самостојно и независносно“ порача министерот за правда Кренар Лога во своето обраќање на Конференцијата „Подобрување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на јавното обвинителство”.

Тој рече дека без видливост на работата и постигнатите резултати, без мерливи и квалитетни споредбени податоци кои се собираат и обработуваат, исто како во земјите членки на Советот на Европа и Европската унија, правдата ќе остане слепа и нема, а граѓаните нема да ја добијат уставно загарантираната заштита.

„Идните процеси на дигитализација, на отвореност и транспарентност за Јавното обвинителство се услов тоа да опстои. Во изминатиот период, иако со посредство и помош на нашите пријатели од меѓународната заедница беа организирани голем број обуки на луѓето од правосудството во земјата, а особено на судиите и јавните обвинители, отсуствува покривање на можеби најзначајниот дел од нивната работа а тоа е начинот на спроведување или имплементацијата на нивната независност и самостојност особено при спроведувањето на постапките и донесувањето на одлуките. Затоа , ве повикувам во иднина при спроведувањето на обуките да се стави акцент на самостојното, законитото непристрасното и објективното вршење на јавнообвинителската функција. Време е да тргнеме напред и да го поправиме угледот и кај домашната и кај меѓународната јавност и институциите“ – рече Лога.

Тој информираше дека од 1 јануари годинава, Министерството за правда даде насоки задолжително да се применува системот за управување со предмети во јавните обвинителства.

Поврзани новости