Ливерпул го „здроби“ Арсенал, Лено доби „петарда“

by Fokus

Ливерпул го доби премиерлогашкото дерби против Арсенал, со високи 5-1, во 20 коло од англиското првенство.

„Топчиите“ први поведоа преку погодокот на Мајтланд Најлс уште во 11 минута, но после тоа се беше во знакот на „редс“.

Фирмино во 14-та и 16-та минута направи комплетен пресврт на мечот, а до крајот на полувремето, погодија Мане и Салах од пенал.

Иако Емери се обиде да го освежи тимот со неколку измени, тоа не вроди со плод, туку со уште еден погодок во нивната мрежа – повторно Фирмино во 65-та минута од мечот.

Со ваквиот исход од мечот, Ливерпул остана зацврстен на лидерската позиција со 54 бода, додека пак Арсенал е петти со 38.

Поврзани новости