Лице со забрана за влез во Македонија приведено на патот Дебар-Маврово

by fokus

Вчера околу 11:30 часот на регионалниот пат Дебар – Маврово, при контрола на патничко возило „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К. (58) од Дебар, бил затекнат Б.Л. (30) од Република Албанија, кој на илегален начин остварил влез во Република Македонија.

Тој бил приведен во Полициското одделение Ростуше, од каде бил предаден во Полициската станица Дебар за понатамошна постапка. Било утврдено дека Б.Л. има забрана за влез во Република Македонија до 13.03.2023 година.

Поврзани новости