Се самоубил со пушката на син му

by fokus

Вчера во 11.10 часот во с.Карамани, битолско, во својот дом, П.Ѓ. (57) испукал еден патрон во пределот на градите од ловна пушка „Бајкал“ калибар 12 мм., сопственост на неговиот син, по што починал на местото.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството за погреб.

Поврзани новости