Да им го олесниме детството – порачаа лицата со дијабетес на денешниот протест пред Министерството за здравство. Насобраните граѓани побараа законски измени со кои ќе се олесни набавката на потребните помагала и терапии.
-Да имаме право на избор како сите други европски земји сами да набавиме помагала кои ни требаат. Терапијата повторно ќе оди како досега, но без каснење. Да се сменат законите за јавни набавки, сите хронични болести и дијабетесот да не зависат од рокови и поединци. 45 илјади луѓе, 113 илјади семејства не може да чекаат дали ќе му текне на министерот да поптише или не – рече претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетирали Диме Велев.
Неколку часа пред закажаниот протест, министерот за здравство Фатмир Меџити ги повика на средба, на која како што соопшти, ја потпишал одлуката за избор на најповолен понудувач за набавка на сензори за континуирано мерење шеќер во крвта за сите деца со дијабетес, како и за бремените жени и слепите лица, кои првпат ќе добијат вакви сензори.