Линдзи Вон по спустот на СП ќе му каже збогум на скијањето

by fokus

Американката Линдзи Вон одлучи трката во спуст на Светското првенство во Оре закажана за в недела да биде последна во нејзината професионална кариера.

Вон вчера имаше тежок пад во супервелеслаломот, но мина без сериозни последици и одлучи да настапи во нејзината омилена дисциплина – спустот.

– Се надевам дека ќе се збогувам на вистински начин. Имам план со што да се занимавам по завршувањето на кариерата. Посакувам да станам успешна деловна жена како што бев и скијачка, изјави Вон.

Таа во кариерата стигна до 82 победи во Светскиот куп и четири големи кристални глобуси. Има и 16 мали кристални глобуси, злато од Олимписки игри и свестки првенства.

– Посакувам да им останам пример на помладите за тоа дека со посветена работа може да се остварат амбициите, додаде Вон.

Поврзани новости