Осомничениот за убиството на Командант Шчипоња, в.д. претседателот на кумановскиот огранок на ДУИ, Бајрам Лимани се вклучи во вестите на Алсат и зборуваше за вооружена престрелка.
-Групата на Командант Шчипоња не нападна на нашето работно место со столчиња, со тупаници… Ние бевме принудени да го браниме нашето достоинство и ги извадивме оружјата за да ги заплашиме. Мојот придружник пукаше во воздух за да ги оттргне, но тие не се повлекоа. Тројца го нападнаа него, тројца или четворица мене и при физичката пресметка можно е да испукало некој куршум од пиштолите. Ние не сторивме ништо намерно, рече Лимани.
Тој вели дека целиот настан е снимен со камери и од нив може да се види дека се било во самооодбрана. Лимани увери дека ќе се предадат на полицијата и нема да бегаат од одговорност.
-Се разбира дека на органите на правдата ќе им се предадеме, и на полицијата и на органите на правдата, бидејќи не бегаме од никаква одговорност, ако ја имаме таквата одговорност. Се што се случи таму и физичката пресметка беа во самоодбрана, повредени сме во делот на лицето, во стомакот, во главата со столчиња и сме раскрвавени. Значи, не сме луѓе што сме нападнале некое лице, рече Лимани.